Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски го доби сребрениот медал освоен на интернационален натпревар по математика

Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски од Тетово се сликаше со сребрениот медал освоен на интернационалниот натпревар „Математика без граници“.

Таткото на Македон, Владимир Димитровски објави фотографии и напиша дека медалот пристигнал во рацете на генијалецот.

„Да ни се множат наградите“, напиша Владимир.

Инаку Македон е момче кое зборува повеќе јазици, германски, англиски, кинески и арапски и е генијалец во решавање математички задачи кои се наменети за втора година средно образование. Тој има IQ 134, а предвидувањата се дека со текот на неговото растење ќе достигне и до 145 -150.

Инаку Македон од општина Тетово неодамна ја доби наградата „Генијален ум“.

Scroll to Top