Осумгодишно дете од Пинтија, Кисела Вода синоќа починало откако било нападнато од кучето на својот сосед, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
По нападот, детето било однесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите. инаку детето било нападнато од куче од расата англиски бул мастив.
„На 11.04 Во 18:25 часот од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното, подлегнал на повредите како последица од напад од куче во сопственост на неговиот сосед Н.Г.“, велат од МВР.
За несреќата е известен јавен обвинител, а телото на детето е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.