Во Загреб отворен е Музеј посветен на новиот бран каде се изложени бројни предмети, фотографии, плакати и други документи од крајот на 70 -тите и 80-тите години.
Музејот претставува мултимедијален простор каде е овековечена страста, љубовта на тие години.
„Кога Загреб беше европска престолнина на музиката, а најпрестижните музички списанија пишуваа за она што се случуваше во Загреб, Белград, Љубљана и Нови Сад. Тие десет години уметнички бум во Загреб заслужуваат еден музеј“, изјавил еден од неговите основачи Александар Чрчек.
Музејот е опремен од донации од бројните протагонисти на тоа време, кмузичари, писатели и други уметници.
Меѓу изложените артефакти се плакати кои повикуваа на концерти во популарните клубови „Лапидариј“, „Кулушиќ“ и „Јабука“, потоа ракописи на песни, стрипови и примероци на списанието „Полет“. Музејот, кој изгледа како мал рок клуб, е од отворен тип, па секој може да придонесе со предмети од таа доба.
Фото: Матеј Грдиќ