Педесетина пливачи ќе учествуваат на традиционалниот Илинденски пливачки маратон во Охрид

Традиционално денеска на Охридското Езеро ќе се одржи 44. Илинденски пливачки маратон, на кој се пријавени педесетина пливачи од Македонија и странство. Ќе бидат поделени во две категории – пливачи постари од 16 години старост и пливачи родени 2008 година и помлади.

Патеката е во должина од 2,5 километри, а  стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“, со тоа што помладите стартуваат во 10:30 часот, додека втората група час подоцна.

Целта е на Кеј Македонија во Охрид кај хотелот „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу пладне.

Илинденскиот пливачки маратон е во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008 Охрид“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.

 

Scroll to Top