Пионерскиот тим на „Алкалоид“ го освои турнирот во Нант

Пионерскиот тим на „Алкалоид“ победи на меѓународниот ракометен турнир што се одржа во Нант, Франција.

„Алкалоид“ во финалето беше подобар од шпанскиот клуб „Хихон“ со 27:26. Македонскиот клуб на овој турнир одигра седум натпревари и победи на сите средби.

Сениорската екипа на „Алкалоид“, пак, викендов го освои второто место на турнирот „Трофеј Нови Београд“, откако во филалето загубо од домаќинот „Партизан“. На овој турнир учествуваа и „Динамо Панчево“ и израелскиот клуб „Ашдод“.

Scroll to Top