Пиво на Светско во Катар ќе се пие во одредени периоди

Пиење пиво на светското првенство во Катар, но само во одреден период, вака највуваат организаторите.

Фановите ќе може да консумираат алкохол на Мундијалот три часа пред почетокот и еден час по завршувањето на натпреварите, но не и додека се игра фудбал на теренот.

Исто така точењето и продавање алкохол ќеима строги правила. „Бадвајзер“ кој ги има екслузивните права ќе смее да точи алкохол во точно одреден периметар околу секој стадион, но не и на трибини или на големи отворени простори.

„Пивото ќе биде достапно по отворањето на вратите, што е три часа пред почетокот на мечевите. Ќе може да се пие и еден час по завршувањето на натпреварите“, изјавил извор од организацијата.

Посетителите не смеат да внесуваат алкохол во Катар, дури и ако е купено во аеродромските фришопови, ниту смеат да го купуваат во единствената продавница за алкохол во земјата, која се наоѓа на периферијата на Доха. Тие смеат да пијат алкохол само во десетици лиценцирани хотели и клубови.

Scroll to Top