„Пиволенд“ на Плоштад Македонија, пет дена со македонска музика

Од 31 август до 4 септември на Плоштад Македонија ќе се одржи фестивалот на пивото „Пиволенд“. На Плоштад Македонија ќе бидат поставени две бини, ќе има над 50 видови пиво и повеќе од 50 артисти, велат организаторите, Град Скопје.

Свои настапи на Пиволенд ќе имаат Фанк Шуи, ДНК, Фолтин, Банда Ентопика, Ареа, Бени и Нон стоп, Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, Принц, Шајн, конкоринг Лајан кои ќе настапат на главната сцена.

Додека на „крафт“ сцената ќе настапат, Лара Ивановска, Преку Ред, а за најмалите ќе има забава со Поточиња.

Scroll to Top