Планинари од Гостивар се искачија на највисокиот врв во Турција, Голем Арарат

Четворицата планинари од Гостивар, Ајфер и Керамедин Зендели, Исмет Шурбан и Џевад Нухи го искачија највисокиот врв во Турција, Голем Арарат на 5.137 надморска височина. Планианрите се од членови на друштвото „Шара“ од Гостивар.

Водич на експедицијата е Исмен Шурбан. Планинарската мисија е исполнета, и сите учесници се во добра здравствена состојба. Како што раскажува водичот Шурбан за гостиварскиот медиум Гостиварпрес три ноќи поминале висински камп од 3.400 метри надморска височина, а една ноќ на висински камп од 4.100 метри надморска височина.

Тие на 25 ти август заминаа за Турција, а искачувањето се одвивало во три етапи.

Планината Арарат се наоѓа во областа Источна Анадолија, недалеку од границата со Иран и Ерменија. Врвот е сместен 16 км западно од турско-иранската и 32 км јужно од турско-ерменската граница.

Фото: Гостиварпрес

 

 

 

Scroll to Top