Хирурзи од Израел му ја споија главата за вратот на момче кое имало тешка сообраќајка. Малиот Сулејман Хасан од Палестина, доживеал сериозна траума и лигаментите кои му ја држеле задната основа на черепот биле сериозно оштетени. Веднаш бил пренесен со хеликоптер во болница.
Хирурзите во болницата „Хадаса“, во Ајн Керем успеале да го спасат. 12 годишниот Хасан претходно со велоспиед удрил во автомобил по што неговиот череп бил одвоен од горните пршлени на р’бет.
Состојбата, билатерална дислокација на атланто окципиталниот зглоб, е попозната како внатрешно или ортопедско обезглавување, пишува „Тајмс оф Израел“. Повредата е многу ретка кај возрасните, а уште повеќе кај децата.
„Се боревме за животот на момчето“, рече д-р Охад Еинав, специјалист по ортопедија кој го оперирал пациентот заедно со д-р Зив Аса и голема операциска сала и тим за интензивна нега. Операцијата беше извршена на почетокот на јуни.
„Самата процедура е многу комплицирана и траеше неколку часа. Додека бевме во операциската сала, користевме нови плочи и фиксации во оштетената област. Нашата способност да го спасиме детето беше благодарение на нашето знаење и најиновативната технологија во операциската сала“, рече Еинав.
Хасан неодамна беше отпуштен дома со цервикален спој и ќе продолжи внимателно да го надгледува персоналот на „Хадаса“.
„Фактот дека такво дете нема невролошки дефицит или сензорна или моторна дисфункција, и дека функционира нормално и оди без помош по толку долг процес, не е мала работа“, рече Еинав.