По навивачите на Лацио и оние на Црвена Ѕвезда извадија транспарент во знак на поддршка за Михајловиќ во битката со леукемија

По навивачите на Лацио и оние на Црвена Ѕвезда излегоа со транспарент во знак на поддршка за Михајловиќ во неговата битка со леукемија.

„Синиша, ти кој под среќна ѕвезда живееш, ти во секоја битка ќе победиш. Синиша, тоа значи безброј победи“, пишуваше на транспарентот, кој го виде и сопругата на Михајловиќ и им се заблагодари на сите за поддршката.

За потсетување, Михајловиќ на крајот на минатиот месеци соопшти дека повторно ќе мора да оди во болница затоа што му се вратила леукемијата. Тој испрати порака до неговите фудбалери во Болоња да останат силни и да не се предадат како него.

За болеста зборуваше и неговиот кум и близок приајтел, тренерот на Ѕвезда, Дејан Станковиќ.

„Сите знаете колку ми значи Синиша како човек и сериозна личност и фигура во мојот живот. За тој проблем не сакав да зборувам, а знаев за него уште од старт. Можете само да замислите колку е тешко да го носиш тоа во себе и тоа е нешто што боли. Не можам да ги најдам вистинските зборови за опишам како е тоа повторно да ти се случи. Познавајќи го Синиша знам дека тој е двојно посилен во таа борба од првиот пак. Сигурен сум дека тој е подготвен на сите работи кои може да се случат“, рече Станковиќ.

 

 

(Видео) Навивачите на Лацио подигнаа транспарент за Синиша Михајловиќ во знак на поддршка во борбата со леукемија

Scroll to Top