Американската пејачка Роберта Флек почина на 89-годишна возраст.
Роберта Флек беше поп и R&B пејачка.
Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиниот публицист, наведувајќи дека таа починала опкружена со семејството. Флек има освоено вкупно пет Греми награди, а во 2020 година и беше доделена награда за животно дело.
Родена како Роберта Клеопатра Флек во Блек Маунт, Северна Каролина, Роберта остави неизбришлива трага на светската музичка сцена. Нејзиниот пат до ѕвездите беше единствен. Иако покажа исклучителен музички талент уште од рана возраст, добивајќи целосна стипендија на Универзитетот Хауард на 15-годишна возраст, таа стана широко позната дури во раните триесетти години.
Пред да стане ѕвезда, таа поминала години предавајќи музика во средните училишта во Вашингтон, настапувајќи во клубови ноќе. Нејзиниот талент беше препознаен од џез-музичарот Лес МекКан, кој подоцна го опиша нејзиниот глас како глас кој „ја допира, ја заробува и удира секоја емоција што некогаш сум ја знаел“.
Меѓу другото, Роберта го отпеа големиот хит „Killing Me Softly With His Song“, а покрај ова препознатливи беа и нејзините песни „The First Time Ever I Saw Your Face“ и „Feel Like Makin’ Love“.