Почина композиторот Анџело Бадаламенти, авторот на музиката за „Твин Пикс“ и „Синиот сомот“

Композиторот Анџело Бадаламенти почина на 85-годишна возраст, пишува „Холивуд репортер“.

Публиката најмногу ќе го памети по музиката за серијата „Твин Пикс“ и филмовите „Синиот сомот“ и „Булевар на ѕвездите“. Во својата долга кариера, тој соработувал со Дејвид Боуви, но и со режисерот Дејвид Линч.

Причината за смртта на Бадаламенти сè уште не е објавена.

Scroll to Top