Еден од најтрофејните европски кошаркарски тренери, Мирко Новосел, почина на 85 години. Беше творец на легендарната генерација на Цибона во осумдесетите и примен во кошаркарската Куќа на слваните.
Четрнаесет години играше во Локомотива од Загреб, каде ѝ ја почна тренерската кариера. Откако ги донесе Крешимир Ќосиќ и Дражен Петровиќ, трипати стана првак на Југославија со Цибона и двапати го освои Купот на европските шампиони.
Со Југославија освои сребрен медал на Олимписките игри 1976 во Монтреал и бронза на Олимписките игри во 1984 во Лос Анџелес. Беше и двократен европски и светски вицешампион. На клупата на Хрватска беше трет на Европско во 1993, а во 2007 стана член на кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд.