Легендарниот тренер на Сакраменто кингс, Пит Керил, почина на 92 години. Беше познат по својата работа во NCAA кошарката. 29 години го водеше кошаркарскиот тим на Универзитетот Принстон, и со него имаше 514 победи.
Најпознат беше по неговата позиција на асистент во Сакраменто кингс, во периодот од 1996 до 2011 година. Имаше прекин од две сезони од 2006 до 2008 година. Во Кингс соработуваше со Предраг Стојаковиќ и Владе Дивац, а им беше омилен на сите кошаркари.
„Семејството Керил со тага објавува дека тренерот Питер Керил почина утрово. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент, затоа што сѐ уште се обидуваме да се соземеме од загубата“, рекоа од неговото семејство.
Керил имаше покрај импресивната биографија како тренер, играше кошарка и во средно училиште и на колеџ, а во педесеттите години беше испратен во Корејската војна каде како војник мина неколку години.