Познатиот руски моден дизајнер Вјачеслав (Слава) Зајцев, наречен „Црвен Диор“, почина денеска на 86-годишна возраст, соопшти портпаролката на неговата модна куќа во Москва.
Кира Бурењина ја потврдила информацијата на руските медиуми, пренесува „Франс прес“.
„На почетокот на март, кога ги собра пријателите за роденден, веќе можевме да видиме дека е многу, многу слаб“, рекла таа.
Зајцев наполни 85 години на 2 март.
Тој е член на Руската академија на уметностите од 2007 година. Имал десетици колекции и создал сценски костими за изведби.