Почина Вениша Стивенсон, најфотогеничната девојка на светот

Познатата актерка, ќерка на холивудските легенди и најфотогеничното девојче на светот, како што гласеше една од нејзините наслови, Вениша Стивенсон, почина на 84-годишна возраст.

Вениша Стивенсон, која се бореше со Паркинсоновата болест, ќе остане запаметена по улогите во филмовите Darby’s Rangers, Island of Lost Women и Horor Hotel, а веста за нејзината смрт ја објави „Холивуд репортер“.

Актерката починала во здравствена установа во Атланта, потврдил нејзиниот брат, актерот и фотограф Џефри Бајрон.

Вениша беше ќерка на познатиот режисер Роберт Стивенсон, чии дела ги вклучуваат филмовите „Мери Попинс“, „Рудниците на кралот Соломон“ и „Џејн Ер“ и познатата актерка Ана Ли, која остана запаметена, меѓу другото, и по улогата во филмот „Колку зелена беше мојата долина“.





		
		
			
Scroll to Top