Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денес започнува музичкиот фестивал АНДЕРФЕСТ кој ќе се одржи по петти пат. Публиката ќе има можност да проследи музиката од алтернативната, рок, панк рок, метал, хардкор сцената.
На Андерфест 5 ќе настапат: „Преку ред“, „Ред 18“, „Конспираси“, „Луфтанза“, „Пич Ваис“ и „Последен удар“. Продажбата на карти за концертот e започната и може да се набават преку следниот линк.