Почнува првата клапа од снимањето на македонскиот долгометражен филм со работен наслов „Касапско оро“

Утре (среда, 22 мај) на Средно Водно во 11 часот почнува првата клапа од снимањето на македонскиот долгометражен филм со работен наслов „Касапско оро“, во режија на Срѓан Јанаќијевиќ.

Станува збор за политички трилер со примеси на црна комедија во продукција на „Ново македонско видео“, во кој главните улоги ги играат актерите Никола Ристановски и Дарја Ризова.

Идејата за филмот е на Срѓан Јанаќијевиќ, сценариото е на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски, а главен продуцент е Сашо Пешев.

Scroll to Top