Прво издание на фестивалот „Онли лав фестивал“ во Струга кој ќе трае 7 дена и на едно место ќе ги соберете популарните и омилените диџеи за македонската публика.
Абди, Алтин Бошњаку, Давид Барбера Гуел, Филип Ачковски, Јаме Знаме, Стамени, Ди Џеј Обиликс, Шабаб Кан се само дел од најавените артисти кои неколку дена ќе бидат во Струга и се дел од програмата на фестивалот.
„Нашите планови се „Онли лав фестивал“ да прерасне во фестивал кој ќе биде препознатлив белег на македонската урбана и прогресивна сцена и градот Струга. Следејќи ги глобалните светски трендови на целосно музичко доживување се потрудивме да понудиме ексклузивна, квалитетна и фестивалска програма“, вели Филип Ачковски од „Техно агенси“, организатори на фестивалот.
Фестивалската програма ќе се одвива од 27 јули до 2 август на неколку локации во Струга. Почетокот на фестивалот на 27 Јули е предвиден за во 17:00 часот на летната сцена при Домот на Културата, а уште една од локациите каде ќе се одржува фестивалот е „Бисер клуб. Ќе има и дневни забави на дел од плажите во Струга кои ќе стартуваат во 12:00 часот, потоа следува вториот дел од програмата од 20:00 до 01:00 часот, а заедничко за сите седум дена фестивал е што ноќните забавите од 01:00 до 06:00 часот, фестивалот ќе се одрќуваат во „Бисер клуб“.