Џилда Спортиело, пратеничка во италијанскиот парламент која се бореше да им се дозволи на жените да дојат за време на парламентарните седници, стана првата жена што го стори тоа.
Во собранието изнуди аплаузи кога Гилда, членка на Претставничкиот дом, за време на гласањето на законот почна да го дои својот двомесечен син.
Гилда успешно лобираше за правилото жените да можат да учествуваат во гласањето и дебатите додека дојат се додека бебињата не наполнат една година.
Весникот „Ла Република“ напиша дека Спортиело се надева дека нејзиниот чин ќе ги инспирира работодавците во Италија да им олеснат на вработените мајки и да им дозволат да дојат на работното место доколку сакаат.
„Од денес па натаму, ако највисоките италијански институции дозволуваат работничките да дојат на своето работно место, тогаш на ниту една жена, во која било професија, не може да и се ускрати ова право“, рече таа.