Македонскиот народен театар ќе учествува на фестивалот Quartieri dell’Arteсо во Италија со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ. Претставата ќе има само една изведба, на 5 ноември во театарот во Витербо.
„Ова е главниот италијански фестивал на новото, современо пишување. Се одржува веќе 25 години во областа Витербо и Рим и создава проекти кои имаат за цел не само да соочат, туку и да интегрираат драмски и постдраматични елементи, како и да истражуваат и експериментираат со нови, хибридни стратегии за пишување нови драми“, велат од МНТ.
„Народен непријател“ имаше премиерна изведба на 9 мај.