Принцот Хари за првпат проговори за болеста на неговиот татко

По долго време, принцот Хари застана пред ТВ камерите и даде интервју за познатото ТВ шоу „Добро утро Америка!“.

Војводата од Сасекс првпат јавно проговори за болеста на својот татко кој боледува од рак, откако накратко го посети во Лондон.

Како што пишува британски „Мирор“, при првото појавување во јавноста откако беше обелоденето дека британскиот монарх боледува од опасна болест, Хари рече:

„Она за што разговаравме останува меѓу мене и него. Секоја болест зближува едно семејство, па во таа смисла верувам дека така ќе биде и со нас“, изјави Хари.

Текстот Принцот Хари за првпат проговори за болеста на неговиот татко е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top