Серијата „And Just Like That…“, продолжението на серијата „Сексот и градот“, ќе добие трета сезона, објави HBO Max, во пресрет на премиерата на втора серија на 24 август.
„Задоволство ни е да објавиме дека од почетокот на втората сезона, „And Just Like That…“ е најгледаната серија на HBO Max и најгледаното продолжение на серијата на Max Original до денес“, рече директорката за содржина на компанијата, Сара Обри.
Како што рече, тимот кој работеше на серијата продолжува да ја создава и следната сезона, пишува „Детлајн“.
„Едвај чекаме публиката да види каде третата сезона ги носи нашите омилени њујорчанки“, додадла Обри.
Да потсетиме, по смртта на нејзиниот сопруг, господинот Ѕверка (Крис Нот), во животот на Кери (Сара Џесика Паркер) оваа сезона повторно влезе нејзиното поранешно момче Ејдан Шо (Џон Корбет). Нивната хемија повторно беше брза и интензивна, но како што одминуваше времето и нивните животи еволуираа, се поставуваше прашањето, дали постои сценарио каде Кери и Ејдан можат повторно да се сретнат заедно?
Миранда е на патување за себе-откривање бидејќи нејзината врска со Че (Сара Рамирез) заврши и сега не е сигурна како да се етикетира и дали воопшто и треба.
Шарлот (Кристин Дејвис) е на слично патување, откривајќи која е всушност, покрај тоа што е посветена сопруга и мајка.
Саманта (Ким Катрал) треба да се појави во финалето на оваа сезона.
„Возбудени сме што поминуваме повеќе време во универзумот „Сексот и градот“, раскажувајќи нови приказни за животите на овие интересни и инспиративни ликови кои ги играат овие неверојатни актери“, заклучила Обри.
Да потсетиме, серијата на HBO „Сексот и градот“ е создадена од Дарен Стар и базирана на истоимената книга на Кендис Бушнел.