Пронајдена мистериозна гробница под подот на катедралата Нотр Дам

Под катедралата Нотр Дам во моментов се прават археолошките ископувања кои открија големо историско богатство: статуи, скулптури, гробници и делови од оригиналниот покривен параван кој датира од 13 век. Меѓу пронајдените артефакти е и мистериозна античка гробница од средниот век и оловен саркофаг во облик на тело, закопан во центарот на катедралата која пред неколку години беше уништена од пожар.

Француските експерти откритието го опишаа како „извонредно и емотивно“, пишува „Гардијан“.

„Сите овие богатства ги откривме само 10-15 см под подните плочки. Беше сосема неочекувано. Имаше исклучителни делови што ја документираат историјата на споменикот“, вели Кристоф Бесније, кој го предводел научниот тим за ископување.

„Тоа беше емотивен момент. Одеднаш имавме неколку стотици парчиња од мали фрагменти до големи блокови,  вклучувајќи извајани раце, стапала, лица, архитектонски орнаменти и растенија. Некои парчиња сè уште беа во боја“, додава тој.

Откритието е благодарение на францускиот национален археолошки институт Инрап, кој изврши превентивни ископувања под дел од подот на катедралата помеѓу февруари и април, пред на тоа место да биде изградено скелекое ќе се користи за реконструкција на кулата на споменикот.

Досега останаа само неколку делови од оригиналниот покрив на катедралата Нотр Дам, раскошната преграда помеѓу нартексот и наосот што го делеше свештенството од хорот. Некои од нив се во магацините на катедралата, додека други се изложени во Лувр. Во католичките цркви, повеќето биле отстранети за време на контрареформацијата во 16 и 17 век.

Се чини дека остатокот од покривот на Нотр Дам бил внимателно закопан под подот на катедралата за време на реставрацијата на зградата од Јуџин Виол де Лук.

Едно од најнеобичните парчиња е недопрена скулптура на човечка глава, за која се верува дека го претставува Исус, а е издлабена од камен. Друг блок од покривниот параван, за кој се верува дека потекнува од 13 век, прикажува споменик во готски стил. Тимот на Инрап имаше краток временски период и точно одредена област за ископување.

Откако пожарот ја зафати 850-годишната катедрала, еден од најпосетуваните споменици во Париз во април 2019 година, и речиси ја уништи целата зграда, претседателот Емануел Макрон вети дека ќе ја обнови и повторно ќе ја отвори за миса за пет години. Лани во септември генералот Жан-Луј Жорж, назначен да ја надгледува реставрацијата, рече дека е воспоставена безбедност за структурата на катедралата, што значи дека може да започне реставрацијата и реконструкцијата на деловите уништени во пожарот, а катедралата ќе биде отворена за служби и јавни посети, како што е ветено, во 2024 година.

Scroll to Top