Своерачно напишаните стихови од песната „Старман“ на Дејвид Боув од 1972 година продадени се за 203.500 фунти, објави Омега Ауктионс.
Стиховите на Боуви биле порадени на аукција која се одржала во Велика Британија. Почетната цена на текстот напишан со сино мастило на лист А4 била околу 40.000 фунти. Во ракописот се прикажани промени и дополнувања направени од Боуви.
Оваа песна првпат беше објавена на петтиот албум на Боуви насловен како The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars.
Овој документ бил прикажан во музејот Викторија и Алберт на ретроспективна изложба посветена на пејачот во 2013 година.
Аукциската куќа Omega Auctions објави дека текстот го продава анонимен приватен колекционер кој го набавил уште во 1980-тите.
Ракописот беше понуден на аукција како дел од продажбата на голем број предмети наречени „Дејвид Боуви и глам рок“, а фановите меѓу другото можеа да купат постери и винилни плочи.