Рапер се онесвестил и починал по концерт

Јужноафриканскиот рапер Коста Тич почина откако паднал и се онесвестил на бината пред публиката за време на неговата последна песна. 27 годишниот рапер чие вистинско име е Константинос Тсобаноглу, починал на пат кон болница.

Коста настапил на „Ултра Мјузик Фестивалот“ во Јоханесбург во саботата. Видеото кое „Дејли Мејл“ одлучи да не го објави цело, го покажува пејачот како се сопнува и се оддалечува од толпата пред да ја заврши песната. Додека раперот го завршуваше својот сет, друг човек на сцената им порача на фановите да ги кренат рацете.

Но, речиси веднаш по избивањето на овации на толпата, раперот падна на сцената. Толпата продолжи да навива додека обезбедувањето и членовите на екипажот притрчаа на помош. Семејството на Коста ја потврди неговата смрт преку соопштение во кое им се заблагодарува на неговите фанови за поддршката.
„Смртта трагично ни тропна на вратата. Ни го зема нашиот сакан син, брат и внук. Со длабока болка мораме да го признаеме неговото заминување во овој момент. Како семејство се соочуваме со тешко време додека се обидуваме да разбереме што ни се случи и бараме да ни се даде време и простор да се соземеме“, рекоа од семејството.
Scroll to Top