Со трагичен исход заврши десетдневната потрага по фудбалер од Бразил кој исчезна на 25 јуни. Телото на Винисиус Скулни (19) е пронајдено распарчено и без глава, а полицијата истражува неколку опции за кои постои сомневање дека довеле до смрт на младиот човек.
Шпанскиот медиум „Марка“, повикувајќи се на неколку извори од Бразил, пренесува дека поранешната девојка на Винисиус е главна осомничена за неговата смрт.
Фудбалерот дошол на гости, а таа наводно го убила. Мотивите за ваквото злосторство не се познати, но се упатува на сентиментални и страсни мотиви зад злосторството, вели „Марка“.
Поранешната девојка ги негирала обвинувањата, а во полиција изјавила дека фудбалерот упаднал во нејзината куќа во Пиндота Пори, мало гратче во Парагвај кој се наоѓа на границата со Бразил.
Да потсетиме, делови од телото на фудбалерот се пронајдени во сојузната држава Мато Гродо до Сул, во реката Игуатема. На 25 јуни отишол на забава со пријателите, а по заминувањето исчезнал.
Медиумите во Бразил јавуваат дека се пронајдени само делови од колкот, трупот и едното ребро, дека се трага по остатокот од телото, а младиот човек бил идентификуван по неговите тетоважи.
Brésil. Le footballeur Vinicius Skulny, 19 ans, décapité et démembré https://t.co/zQ3IOKLAah #Sport pic.twitter.com/kEQBLxlP3t
— L’important (@Limportant_fr) July 5, 2023