Бразилскиот инфлуенсер и репортер почина од компликации по непрофесионална процедура за подигнување на задникот.
Познатата бразилска репортерка и инфлуенсерка, Лигија Фазио, починала откако направила операција и ставила силикони во задникот. Таа била хоспитализирана на почетокот на мај откако ѝ беа вбризгувани силикон и полиметил метакрилат во задникот.
Била на интензивна нега четири недели пред да ѝ се влоши состојбата и се верува дека доживеала мозочен удар. Лигија е мајка на две и 11-годишни момчиња, а починала на 31 мај.
Фазио има речиси милион следбеници на нејзиниот Инстаграм, кој претходно го користела за да ги предупреди жените за опасностите од естетската хирургија.
По смртта на социјалните мрежи се огласи и нејзиниот брат Џорџ Оливеира.
„Момци, за жал, нашиот воин почина. Ви благодарам уште еднаш на сите за поддршката“, напиша Џорџ.
Тој за смртта на сестра му ја обвини телевизијата и рече дека откако почнала Лигија да работи како репортерка била под постојан притисок.
„Влезе во многу токсична средина која бара совршенство. Се обиде да се прилагоди на потребниот естетски стандард. Го оперираше носот и почна со други третмани, но не зборуваше за тоа“, рече Џорџ.
Додаде дека семејството ги забележало промените која ги направила на нејзиниот задник, но таа тврдела дека тоа е резултат на нејзиниот фитнес режим.
„Нејзиното прво подигнување на задникот го направи лекар кој, сепак, одбил да стави дополнителен силикон кога таа го побарала по втор пат. Потоа побарала услуги од маж кој ѝ ставил силикони на нејзина пријателка“, Џорџ.
Фазио, која имала повеќе од милион следбеници на Инстаграм, имала проблеми со силиконите и во 2021 година. Поминала повеќе од 100 дена во болница додека лекарите го отстранувале силиконот кој ѝ бил раширен низ телото.
„Можевме да видиме дека не ѝ е добро. Но не беше негативна личност. Секогаш ја гледаше добрата страна во сè. Дури и кога се појавија компликации поради силиконот, таа виде дека може да извлече нешто од тоа. Сфатила дека тоа би можело да биде нејзината мисија“, рече Џорџ и додаде дека сестра му имала седум операции по првото подигнување на задникот.
„Земаше многу кортикостероиди. Имаше хиперкалцемија поради што и беа преоптоварени бубрезите. Мораше да оди на дијализа“, рече Џорџ.
Исто така ѝ бил дијагностициран и габичен ендокардитис, по што лекарите верувале дека бактеријата можеби се проширила во мозокот и дека тоа го предизвикало мозочниот удар.
Засега никој не е уапсен и не е посочен за одговорен за смртта на репортерката.