РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Фирмата за снабдување со електрична енергија РЕС нуди до 40 проценти пониски цени од моменталните на пазарот, што е од собено значење посебно за малите потрошувачи.

Ресторани, работилници, салони за убавина и други мали бизниси можат да добијат значително поевтина електрична енергија и пониски сметки за нивните деловни објекти доколку се снабдуваат преку РЕС.

Новите цени на пазарот за мали потрошувачи изнесуваат 13,38 денари по KWh без ДДВ, додека понудата на РЕС е пониска и до 40%.

Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply)моментално има 1000 клиенти, од кои 650 се мали потрошувачи, и секој од нив добива најефтино, сигурно, стабилно и еколошко снабдување со електрична енергија.

РЕС беше и најголем снабдувач на стопанството на слободниот пазар во 2023 година, како што беше наведено во годишниот извештај на Регулаторна комисија за енергетика, а балансната група во 2024 година е значително зголемена.

(ПР)

Scroll to Top