Рон Џереми префрлен во болница за ментално здравје, прогласен е за нестабилен

Порно ѕвездата Рон Џереми е префрлен во државна болница за ментално здравје откако е прогласен за неспособен за судење. Џереми беше обвинет за силување и уште по неколку други точки, рече во вторникот портпаролот на окружниот обвинител во Лос Анџелес.

Обвинет е по повеќе од 30 точки за сексуално злоставување, вклучувајќи 12 силување, на подрачјето на Лос Анџелес во период од 23 години. Џереми се изјасни за невин, но е прогласен за ментално неспособен за судње и е префрлен во државна болница за ментално здравје.

Во болницата може да биде задржан до две години, рече портпаролот од канцеларијата на окружниот обвинител Грег Рислинг. Сослушувањето за тоа како напредува неговата состојба е закажана за 8 мај.

За потсетување Џереми беше меѓу најголемите имиња во индустријата за возрасни појавувајќи се во повеќе од 2000 филмови.

Scroll to Top