Семејство од Канада патува по светот пред нивните деца да ослепат: Сакаме да имаат спомени што ќе им останат кога веќе нема да гледаат

Шестчлено семејство од Канада решило да патува низ светот пред три од нивните четири деца целосно да го загубат видот поради ретка генетска болест.

Едит и Себастијан Лемеј во 2018 година откриле дека нивната најстара ќерка Миа има ретинис пигментоза, болест поради која може да ослепи целосно додека да наполни 30 години. Следната година и на нејзините браќа Колин и Лоран им била дијагностицирана истата болест. Второроденото дете, синот Лео, сѐ уште нема ваква болест, па затоа родителите решиле да им овозможат да го видат светот и да создадат сеќавања што ќе останат со нив дури и откако ќе го загубат видот.

Мајката Едит Лемеј, која работи како финансиски службеник во Квебек, рекла дека кога им била дијагностицирана болеста на браќата тоа бил одлучувачки момент за да тргнат на патување низ светот и да ги наполнат нивните очи со визуелни спомени, пренесе Би-би-си.

Семејството тргнало во март на одмор, без да имаат одреден план и досега ги посетиле Намибија, Замбија, Танзанија, Турција, Монголија, Индонезија. Тие најпрво планирале да започнат со патување низ Русија и Кина во 2020 година, но тоа биле откажано поради пандемијата на коронавирусот.

Родителите велат дека е прекрасно да се гледаат децата колку се среќни и постојано заедно, но признале и дека им е потребен огромен труд и трпение за да бидат со нив 24 часа секој ден од неделата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

Scroll to Top