Сестрата на Илон Маск се жали на проблеми во бизнисот, сите ми наплаќаат дупло зашто мислат дека ме финансира

Тоска Маск (48), најмладата сестра на Илон Маск (51), работи во кинематографија и вели дека луѓето често ѝ наплаќаат повеќе за нивните услуги отколку што треба, бидејќи претпоставуваат дека брат ѝ плаќа за сè, пишува „Њујорк пост“.

Сестрата на Маск е режисер и извршен продуцент, а неодамна добила сметка за локацијата на нејзиниот нов филм која била, како што таа вели, надувана за дополнителни 20.000 долари.

„Локацијата требаше да чини 5.000 долари, но кога го слушнаа моето име и претпоставија дека сум богата, решија да ми наплатат 25.000 долари. Тоа навистина не е фер“, рече Тоска.

Луѓето често погрешно претпоставуваат дека нивното семејство отсекогаш било богато, но таа тврди дека тоа не е вистина.

„Откако ни се разведоа родителите, живеев со мајка ми и браќата. Никој од нас немаше пари“, рече Тоска, додавајќи дека мајка ѝ Маје работела пет работи за да ги издржува, Илон и нивниот брат Кимбал.

За Маск, чија вредност според индексот на Блумберг се проценува на 233 милијарди долари, Тоска рече дека сам го создал богатството. На прашањето дали нејзиниот брат финансиски ѝ помага, Тоска рече.

„Ако кажам не, луѓето ќе речат дека воопшто не ме поддржува, а ако кажам да, ќе мислат дека платил за сè“, објасни таа.

Постојано ѝ се случуваат ситуации кога луѓето се обидуваат да ѝ се доближат за да стигнат до милијардерот, но некако научила да справи и со таквите ситуации.

За потсетување, Тоска е ко-основач на „Пасионфликс“, стриминг платформа слична на „Нетфликс, а досега има заработено 170 милиони долари.

Scroll to Top