Сестрата на кралот Чарлс итно примена во болница

Британската принцеза Ана се здобила со „лесни повреди и потрес на мозокот“ по инцидентот во нејзиниот имот во Геткомб парк минатата ноќ и моментално е во болница, соопшти Бакингемската палата.

„Принцезата Ана претрпе полесни повреди и потрес на мозокот по инцидентот во Геткомб парк вчера вечерта.

„Нејзиното кралско височество останува во болницата Саутмед во Бристол како мерка на претпазливост за набљудување и се очекува целосно и брзо закрепнување“, соопшти палатата.

Во соопштението се наведува дека кралот Чарлс е информиран за повредите на неговата сестра.

„Целото кралско семејство е со принцезата и се надеваат на нејзино брзо закрепнување“, заклучи Бакингемската палата.

Scroll to Top