Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски доби уште една награда на фестивалот за краткометражни филмови „Чикаго шортс“ во САД за најдобра музика во краток филм. Музиката за филмот е на Дуке Бојаџиев.
Ова е седма награда за филмот „Шеќерни луѓе“, откако претходно филмот ги освои наградите за најдобра актерка за Сара Климоска на Kiez Berlin Film Festival во Германија, на Reale Film Festival во Италија, и на Art Film Spirit Awards во соработка со Toronto Film magazine каде наградата за надобар актер беше доделена и на актерот Филип Трајковиќ. Филмот досега ги има освоено и наградите за најдобра оригинална музика (композитор Дуке Бојаџиев) на CineParis Film Festival во Франција и за најдобар постер (дизајнер Коста Лазаревски) на Toronto Women Film Festival во Канада.