Што е полиса за осигурување? – Се што треба да знаете со Минт Инс

Во свет каде што животот може да се промени за миг, сообраќајна незгода, здравствен проблем, природна непогода или пропаднато патување, заштитата не е луксуз, туку неопходност. Токму поради ова вреди да разберете точно што е полиса за осигурување и зошто секој треба да ја има спрема нивните потреби.

Во Минт Инс, нашата мисија е да Ви помогнеме да направите информирани, паметни и безбедни одлуки, кога станува збор за осигурување. Ќе ви објасниме сѐ што треба да знаете за полисата за осигурување, нејзината структура, функција, придобивки и практична употреба.

Што е полиса за осигурување?

Замислете ја полисата за осигурување како личен чадор – не го носите секогаш со вас, но кога ќе заврне, благодарни сте што го имате. Тоа е договор помеѓу Вас и осигурителната компанија, со кој се обезбедувате од финансиски последици на непредвидени настани – било да се работи за болест, незгода, пожар или кражба.

Со други зборови: вложувате денес, за да не изгубите многу утре. За возврат, осигурителната компанија се обврзува да Ви исплати надомест или да Ви обезбеди услуга ако се случи нешто што е наведено во полисата.

Осигурителната полиса е Ваша заштитна мрежа, Вашиот договор со иднината, Вашата сигурност кога животот ќе го фрли непланираното во Ваш правец.

Како функционира полисата за осигурување?

Функционирањето е едноставно по концепт, но многу важно:

1. Склучувате полиса преку Минт Инс осигурителен брокер. Нашите брокери Ви помагаат да изберете најсоодветна понуда од различни компании.

2. Плаќате осигурителна премија. Тоа е фиксна сума, зависно од видот на осигурувањето.

3. Настанува ризикот. На пример, доживувате сообраќајна незгода, губите багаж или се појавува здравствен проблем.

4. Пријавувате штета. Со наша помош, тоа е брзо и транспарентно.

5. Осигурителната компанија ја разгледува пријавената штета и врши исплата – според условите од Вашата полиса.

Што содржи една типична полиса за осигурување?

Една полиса за осигурување содржи суштински елементи како:

· Покриени ризици – кои настани се покриени (нпр. несреќа, пожар, болест)

· Осигурена сума – максималниот износ што може да Ви се исплати

· Франшиза – учество во штета односно износот кој осигуреникот сам го покрива при настанување на штета

· Исклучоци – исклучени ризици кои не се предмет на осигурување

· Складенца на полисата – рок на важност на полисата

· Премија – износот што го плаќате за осигурување

Зошто е важна полисата за осигурување?

Затоа што животот не прашува кога ќе се случи нешто неочекувано. Полисата Ви овозможува::

· Ви штеди вртоглави суми при големи несреќи

· Брзо надоместување на трошоци

· Ви овозможува мирен сон, знаејќи дека сте заштитени

· Ви помага да закрепнете побрзо и полесно по ризични ситуации

· Претставува дел од Вашето финансиско планирање и сигурност

Видови осигурителни полиси што ги нудиме преку Минт Инс

Mинт Инс е Осигурително брокерско друштво овластено со Решение за дозвола за вршење на осигурително брокерски работи. Веруваме дека осигурувањето треба да биде едноставно, транспарентно и достапно.

Ние сме осигурително брокерско друштво посветено да им помогне на клиентите и бизнисите преку соработка со осигурителните компании за да ги најдеме најдобрите осигурителни производи за нашите клиенти.

Преку Минт Инс можете да склучите полиси за следните видови на осигурувања:

· Животно осигурување ·

. Патничко осигурување

. Авто-одговорност осигурување

. КАСКО осигурување  Зелен картон

. Имотно осигурување 

. Осигурување од Општа и Професионална Одговорност

· Осигурување од последици од несреќен случај

· ЦМР осигурување

· Дополнително Здравствено Осигурување

· Осигурување ДОМ

· И сите останати видови на осигурувања

Сѐ што треба да направите е да нè контактирате, и ние ќе Ви изработиме персонализирана понуда, прилагодена на вашите потреби и буџет.

Кога треба да размислите за полиса за осигурување?

Одговорот е едноставен: пред да се случи нешто неочекувано.

· Патувате често? Осигурување ќе Ви заштеди сериозни средства при итна медицинска помош.

· Имате мал бизнис? Имотно и колективно осигурување ќе ви помонге при непредвидени трошоци.

· Имате мали деца? Полиса со штедење може да биде одлична инвестиција за нивната иднина.

Совети при избор на полиса за осигурување

Во Минт Инс знаеме дека не секој сака да чита ситни букви или да се изгуби во услови. Затоа, еве кратка листа на совети што ќе Ви помогнат при избор на осигурување:

1. Не бирајте само според премија – гледајте што добивате

Понекогаш најевтината полиса покрива најмалку. Подобро е да платите малку повеќе, но да бидете вистински заштитени.

2. Прашувајте за исклучоци

Секое осигурување има ограничувања. Прашајте го Вашиот брокер што не покрива полисата.

3. Размислете долгорочно

Животно осигурување или осигурување со штедење не е трошок – тоа е инвестиција во иднината на Вашите најблиски.

4. Консултирајте се со професионалци

Не потпишувајте ништо што не го разбирате целосно. Нашиот тим во Минт Инс е секогаш достапен за вас.

5. Ажурирајте ја полисата кога ви се менува животот

Се венчавте? Купивте ново возило? Добивте дете? Тоа значи дека и Вашата полиса треба да се обнови.

Минт Инс – Вашиот избор за осигурување

Полисата за осигурување не е само лист хартија, тоа е Вашата мрежа за безбедност, Вашата гаранција дека во лошите моменти нема да бидете оставени сами.

Како доверлив осигурителен брокер во Минт Инс, Ви стоиме на располагање со транспарентност, стручност и грижа. Нашата цел не е само да Ви објасниме што е полиса за осигурување, туку и да Ви помогнеме да ја изберете вистинската – за Вас, за Вашето семејство, за Вашата иднина. Контактирајте нѐ денес преку [email protected], на телефон 15 107, или во најблиската филијала до Вас. Работиме низ цела Македонија, и секогаш сме на дофат.

 

ПР

Scroll to Top