Најефикасниот препарат што се бори против мувлата е маслото од чајно дрво, едно од најмоќните етерични масла. Ова масло е прилично скапо, но има интензивен мирис. Мала количина масло долго ќе ви потрае, а мирисот исчезнува релативно бргу.
Препаратот против дамки и мувла ќе го направите така што две лажици масло ќе растворите во приближно 400 мл вода, ќе го протресете шишето со спреј и ќе ја испрскате површината зафатена со мувла. Може да третирате делови од плафонот, завесите за туш во бањата или теписите чии делови се мувлосани.
Втор добар сојузник во борбата против мувлата е екстрактот од семки од грејпфрут – исто така не е претерано евтина, но е бесмирисна супстанција, која со задоволство ја користат сите оние на кои им смета чајното дрво. Рецептот е сличен – 20 капки екстракт на 400 мл вода.
Третиот домашен препарат е обичниот алкохолен оцет. Стручњаците тврдат дека чистиот оцет убива речиси 80 % од мувлата, а вие растворајте го со вода и по желба додајте неколку капки од омиленото етерично масло за да го неутрализирате непријатниот мирис додека да испари.
Секако, можете да користите и варикина, но на многумина им смета нејзиниот мирис, а не е ни безопасна за користење. Испрскајте го ѕидот со мешавина од избелувач и вода, оставете кратко да дејствува, па измијте со крпа натопена со чиста вода. Водете сметка за тоа дека испарувањата на варикината се отровни и секогаш да ги држите прозорците отворени кога работите со неа.