Синот на Бајден опседнат со секс со вдовици, а најмногу пребарувал ‘мајки на кокаин’

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден, наводно има малку чуден ум, а тоа го докажува историјата на пребарувања на неговиот лаптоп. Имено, од 281 страница која ја пребарувал во рок од шест денови – 98 од нив биле со порнографска содржина, а поимите кои ги пребарувал се однесувале на тинејџерки, вдовици и ‘мајки на кокаин’, пишува „Дејли мејл“.

Пребарувал и како да ѝ го хакира мобилниот телефон на неговата љубовница и постојано го пишувал своето име на пребарувачот.

Листата за пребарување опфаќа шест дена во март 2019 година, пред да му се расипе лаптопот и да го однесе на поправка, по што не се вратил по него.

Неколку снимки на неговиот лаптоп откриваат дека Хантер сакал да се снима додека има секс со проститутки, а објавите потоа биле објавени на профил на Pornhub под корисничкото име „RHEast“. Сепак, синот на претседателот се обидел да не го открие своето лице на објавените снимки.

На 22 октомври 2018 година, Хантер им испратил на Pornhub линк до телефонскиот број што го чувал во своите контакти под името „Тато“.

Меѓутоа, други пораки покажуваат дека тој и Џо Бајден многупати си ги разменувале мобилните телефони, па не е јасно кој го користел овој број во тоа време.

Хантер, кој бил во контроверзна врска со вдовицата на неговиот брат, на Pornhab пребарувал видеа под клучните зборови „домашна задача на вдовица“, „домашна порнографија на осамена вдовица“ и „порно на осамена вдовица“.

Покрај тоа што бил опседнат со вдовици, синот на Бајден пребарувал и термини за секс со студентки.

Тој седумпати таа недела пребарувал: „Washington DC Milf Crack Cocaine“.

Scroll to Top