Синот на Ѓоковиќ му ја честиташе победата на Алкараз

На српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му беше тешко по поразот од шпанскиот тенисер Алкараз, па по мечот не можеше да ги задржи солзите, но како и секогаш, остана џентлмен и имаше само пофални зборови за Алкараз.

Интересна сцена која не можеше да се види во преносот, во која синот на Ѓоковиќ, Стефан му подаде рака на Алкараз и му честиташе за победата на Вимблдон.

Новак не можеше да ги задржи солзите кога на трибините го здогледа синот, кој без разлика што татко му е поразен, беше насмеан. Потоа рече дека му е многу драго што неговиот син се уште се смее.

Ѓоковиќ ја пропушти можноста да стигне до 24. Грен слем, но секако е горд на својот син, кој искрено му честиташе на својот ривал.

Scroll to Top