Струмичанката Славица Ангелова освои 5 гласа од жирито во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ и се пласираше во бараж, а потоа се пласираше во следниот круг од натпреварот.
Славица чиј ментор е Ѓорѓе Давид на сцената на „Гранд“ ги отпеа песните „Мелек“ од Едита Арадиновиќ и „Да будеш јенако добро као што сам ја“ на Маја Оџаклиевска.
Марија Шерифовиќ прва имаше можност да го образложи својот глас.
„Гласав за кандидатката број 2 само затоа што знам како пеела претходно. Не ми се допадна првата песна. Беше напнато и недоволно интересно, додека втората песна беше подобра, како да сте ја испеале 100 пати, а оваа првата 20 пати. Не знам дали сум во право, но се слуша таа разлика“, изјавила Марија.
На нејзиниот колега од жирито Драган Стојковиќ, Босанец, не му се допадна изведбата на Славица но сепак и дал глас.
Ставот на поголемиот дел од жирито бил дека песните на Славица не се доволно атрактивни и веќе видени.
„Имаме одлична песна за баражот и сакам да верувам дека нема да имаме проблем“, му рекол Ѓорѓе за Славица Ангелова.
Јасмин Алиевски беше уште еден кандидат од Македонија кој се натпреваруваше изминатиот викенд во „Гранд“. Тој ги отпеа песните „Сањао сам ночас да те немам“ и „Генерал без чинова“ со кои влезе во бараж, но сепак повторно ќе се најде во следниот круг од натпреварот.
„Гласав за кандидатот број два, кој фантастично ја отпеа првата песна и беше прекрасен. Идентичната ситуација беше во некој круг како да имаш сила само за првата песна. Или стравот те парализира и адреналинот ти навлегува, а ти само го моли Бога да заврши и затоа го повлеков гласот затоа што не е за шест“, објаснила Шерифовиќ.
Мили и Снежана го делеа мислењето дека Алиевски бил неверојатно добар во првата песна, но лош во втората.
„Јасмин, нема да заморувам, првата песна беше феноменална“, беше мислењето на остатокот од жирито.
„Алиевски, проблемот е што одбира исклучително тешки песни, си се концентрирал на највисоките ноти, а пред нив се опушта, но јас ти дадов глас да не испаднеш и постојано те карам“, бил коментарот на Босанец.
.