Слика од плажа од 1976 година е главна тема на социјалните мрежи, како тогаш сите биле слаби

На социјалните мрежи може да се видат разни фотографии од летните радости од минатото, а сите имаат едно нешто заедничко – капачите на плажите се видно послаби од денешните.

Токму на оваа тема се посвети колумнистот на „Гардијан“, Џорџ Монбиот, кој во својата статија објави фотографија од капачи на плажата во Брајтон направена во 1976 година и ја спореди со сцените со кои се среќаваме денес.

Дали се работи за губење на волјата, начин на живот или нешто сосема друго? – Џорџ тврди дека главните виновници за дебелината се производителите на нездрава храна и нивните огласувачи.

„Во 70-тите јадевме повеќе, но поинаку. Денеска по човек купуваме половина свежо млеко, но затоа купуваме пет пати повеќе јогурт и три пати повеќе сладолед. Јадеме дури 39 пати повеќе млечни деликатеси. Купуваме и половина свежи јајца. Во исто време внесуваме многу повеќе шеќер во организмот преку разни пијалоци“, објаснил тој.

Монбиот смета дека луѓето не се виновни за нивната дебелина: „Не се работи за јадење повеќе, помалку вежбање или недостаток на волја. Исмејувањето со дебелите луѓе треба да престане“.

Тој објаснил како храната што ја јадеме денес е едноставно различна од онаа што била достапна во минатото и додал дека разни прехранбени компании вработуваат армија од научници и психолози за да не убедат дека јадеме повеќе отколку што ни треба.

Scroll to Top