Со „застава 101“ стара 30 години, момче од Босна замина на одмор во Хрватска

Момче од Босна кој е љубител на старите автомобили со својата „застава 101“ пристигнал на хрватското крајбрежје. Чобо во Босна е сопственик на единствениот сервис „Југо“.

„Решив да патувам со автомобил стар 30 години за да им покажам на луѓето дека ќе пристигнам во исто време со нив ако ги почитувам сообраќајните знаци“, изјавил Мустафа Чобо, кој се качи во „застава 101“ и тргна кон Макарска.

„Застава 101“ во Југославија постигна голема популарност, секоја година се произведуваше во сè поголем број.

Автомобилот на Мустафа нема клима, но тврди дека тоа не му било проблем.

„Не ми треба клима. Порано сите возеа без клима и тоа не беше проблем за луѓето“, рекол Мустафа.

„Патувањето беше удобно, со меки седишта, а траеше исто колку и другите автомобили. Не го подготвив специјално автомобилот за ова патување. Гледав да видам дали има доволно масло во моторот“, раскажал Мустафа.

Тој вели дека неговата „застава 101“ троши 7 литри на автопат. Неговиот татко имал „југо“, па љубовта кон моделите на Застава започнала уште од мали нозе. Престанал да брои колку вакви автомобили поправил.

 

Scroll to Top