Софа ситемот КасКаис е најновата од чудесните креации на „Фејдом“

Модерниот и урбан начин на живеење создава генерации на луѓе чиј секојдневен живот станува се подинамичен, а истовремено и поограничен во просторот. Приказната за едноставните иновации во домот кои ќе се вклопат во секојдневието на луѓето, ја има  „Фејдом“.

Просторот во кој се поминува најголем дел од времето, а тој е ограничен треба да се размисли како тој простор во исто време ќе биде гостинска соба, канцеларија, детска игротека или пак спална.

Софа ситемот КасКаис, е најновата од  чудесните креации на „Фејдом“. Оваа гарнитура е едно во седум. Десна или лева аголна гарнитура, и лева и десна, два троседи, тросед и две фотељи, четири фотељи, голем брачен кревет, два единечни кревети. Сето тоа да може да се смени едно во друго за неколку минути.

Штофот на удобниот софа ситем КасКаис да може да се вади и пере, или да се замени во друга боја ако ви здосади. Наслонот може да го има и да биде висок или низок, или да биде и без наслон кога ќе затреба.

„Фејдом“ не е само обичен производител на иновативен мебел туку се и еколошки настроени во начинот на производство, но и пакувањето на производите.

За изработка на „Фејдом“ софите се користи енергија од соларните централи поставени на крововите на фабриките кои произведуваат доволно електрична енергија за целокупниот производен процес.

За изработка на софите се користи масивно дрво за изработка на конструкцијата. За секое дрво употребено во процесот на производство, на плантажатите на „Фејдом форест“ се засадени и се негуваат 10 нови дрвја. Шумата од 50 Хектари годишно абсорбира и складира околу 2000 тони карбон од атмосферата. Најголем дел од материјалот што останува како вишок при производствениот процес не се фрла туку се користи за производство на посебна дизајнерска колекција на интериерни додатоци „Ристори”.

Новите модели на „Фејдом“ гарнитурите ќе се пакуваат во специјални заштитни транспортни  торби при што се избегнува отпадот од картонската и пластичната амбалажа за еднократна употреба.

Scroll to Top