Сопственик на вила во Сплит го понудил објектот на бесплатно користење во текот на целата година, со услов, базенот и неговата околина да се одржуваат.
Во огласот објавен во група на Фејсбук стои дека лицето кое ќе се грижи за објектот во екот на сезоната, односно пет месеци, ќе биде сместено во наместена гарсоњера, а остатокот од годината во една на становите во објектот.
Во огласот се споменува и можност за дополнителна заработка во текот на сезоната.
Понудената зграда е изградена пред шест години, а сместувачките единици имаат трпезарија, простор за седење, кујна со соодветни апарати, тераса со поглед на море, бања со када или туш, и приватен паркинг.
Сопственикот на зградата изјавил дека не му е грижа за медиумското внимание, поради што побарал анонимност, но решил за Слободна Далмација да ја сподели позадината на оваа приказна. Тоа е зграда наменета само за туризам, таму не живее никој.
„Живеам во Дубровник и сакав да понудам опција за бесплатно сместување во замена за некој да го одржува просторот додека ме нема. Имаме куќни помошници кои се грижат за ова, но би сакал некој постојано да остане таму. Порано имаше една госпоѓа која, за жал, почина. Потоа се вклучи пријател кој замина од Хрватска на работа“, објаснил сопственикот.
Тој посочил дека во вилата претходно живееле луѓе кои бесплатно живееле во објектот под услов да се грижат за базенот и градината.
Тој додава дека идејата е да се најде некој кој повторно би живеел таму без никакви дополнителни трошоци, а нема обврска за плаќање комуналии. „Таму можеше да остане цела година, 12 месеци, освен четири-пет месеци кога објектот е полн“.
„Тогаш на тој човек или пар би му обезбедил наместено студио-апартман наменето за вработените во објектот. За возврат барам тој човек да се грижи за објектот, односно да одговара за него, со акцент на одржување на базенот и градината“, додава тој.
Сопственикот истакнал дека веќе има многу кандидати, но дека прво мора да одржи интервјуа, по што ќе донесе одлука.