Средношколци од Скопје работат на минијатурен болид со погон на компримиран воздух, ќе го презентираат на натпревар по технологија и инженерство во Лондон

Група средношколци од „Орце Николов“ работат на минијатурен болид по примерот на моделите на Формула 1, објавија од Министерството за образование.

Болидот ќе работи на погон на компримиран воздух и истиот ќе биде претставен на натпреварот Aramco Formula 1 schools World Finals 2022.

Натпреварот ќе се одржи во јули годинава во Лондон и ова ќе биде прво учество на ученици од Македонија кои учествуваат на ваков настан за дизајнирање, тестирање и изработка на најбрз мини болид.

Во тимот е Мила Перинска која ја има улогата на дизајнер. Преку нејзиниот пример таа вели дека сака да ги мотивира сити средношколци, особено девојчињата кои сакаат да се насочат кон STEM (science, technology, engineering and math), како најбарана професија.

Aramco Formula 1 schools World Finals 2022 е најголемиот СТЕМ натпревар на светот кој се одржува секоја година започнувајќи од 1999 година. Годинава ќе се одржи во периодот од 9ти до 15ти јули, а ќе се натпреваруваат учесници од 50 земји.

Фото/МОН

Scroll to Top