Српскиот филм „Комедија на три ката“ наскоро пред македонската публика

Филмската приказна „Комедија на три ката“ од премиерата во кината ја виделе повеќе од 80.000 гледачи. Поради големиот интерес, кино дистрибуцијата наскоро ќе биде проширена во регионот, а публиката во Хрватска, Словенија и Македонија ќе може да ужива во филмот веќе во јануари 2023 година.

Оригиналната приказна, како и одличната актерска екипа, придонеле за позитивните критики на гледачите, кои уживале во комичните и често луди авантури на станарите на една навидум обична станбена зграда во Белград.

Сето тоа на големото платно го донесоа Слободан Бода Нинковиќ и Јелисавета Сека Саблиќ, Весна Тривалиќ и Драган Гаги Јовановиќ, заедно со брилијантните улоги на Наташа Тапушковиќ, Љубомир Бандовиќ, Миодраг Радоњиќ, Вања Ненадиќ и Павле Менле. Покрај Сандра Митровиќ, која е режисерка и сценарист, во авторскиот тим, меѓу другите, се и продуцентот и помошник режисер Иван Грбин, ко-сценаристот Ноа Додсон, директорот на фотографија Душан Ивановиќ.

Зад оваа комична драма стојат продуцентските куќи Филленд и Телеком Србија.

Scroll to Top