Студент наслика мурал од Ѓоковиќ и Јокиќ пред влезот во студентски дом во Белград

Рускиот студент Андреј Колосов нацрта мурал од најдобриот тенисер и кошаркар Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ, пред влезот на студентскиот дом „Рифат Бурџовиќ“ во Белград.

Андреј моментално студира на магистерски студии на Православниот и Богословскиот факултет и рече додека е во Белград сакал да остави нешто по кое ќе остане запаметен кога ќе замине од дома. На муралот му помагале осум асистенти.

„Она што е најинтересно кај овој морал, е тоа што за првпат го работев со робо принт. Тоа е еден вид на уред што го користев за цртање. Но, по роботот требаше да се бојадиса и да се доработи. Уште поинтересно е тоа што ова беше добротворна работа, па кога побарав на „Инстаграм“ помош се пријавија осумина кои дојдоа во четири наутро да ми помогнат во изработката на муралот. Беше фантастично“, рече Андреј.

Стекнатите знаења му помогнале да го наслика муралот. Претходно студирал на три други факултети.

„Прво дипломирав маркетинг. Затоа што како што ми рекоа родителите треба да завршам нешто сериозно, па потоа да фарбам. Завршив и маркетинг на економски, потоа се запишав на докторат на културолошки студии, студирав графити и култура, бидејќи навистина ми беше интересно. И како што рече Пастернак, сакам да најдам основа во секое дело. После тоа студирав фреско и иконопис, а сега учам теологија“, додаде тој.

Во моментов е на магистерски студии на Православниот и Богословскиот факултет на Универзитетот во Белград.

„Годинава се запишав на магистерски студии и ги завршив основните студии. Тешко ми е. Старогрчки долго време не можев да поминам. Слабо знам српски, а слабо го владеам и старогрчкиот. Сакам да живеам во Србија и да станам Србин“, рече Колосов.

Андреј ја изработи и иконата на Свети Сава која се наоѓа на влезот во Домот.

Scroll to Top