Суперкомпјутер пресмета кој ќе биде новиот светски шампион во фудбал. Мундијалот ќе се игра во Катар, а до неговиот почеток останаа уште три недели. Веќе на големо почнаа прогнозите за тоа кој ќе биде новиот шампион. Сите сакаат да го погодат точниот резултат.
Некои дури се консултираат и со животни, а други пак ја користат технологијата. Така еден суперкомпјутер пресмета дека новиот светски шампион ќе биде Аргентина. Тоа значи дека Лионел Меси конечно ќе го подигне пехарот на 18 ноември во Катар.
Фудбалерот на ПСЖ ќе има можност да направи нешто што не му успеа ни на Марадона. Медиумите пренесоа дека е во одлична форма во пресрет на турнирот во Катар, и дека репрезентацијата има големи шанси. Особено ако се знае како ги водеше Лионел Скалони минатата година кога ја освоија Копа Америка.
Аргентина стана светски шампион во 1978 и 1986 година, а играше и во финалето во 2014 година во Бразил кога ги победи Германија со голот на Геце. Претходното првенството во Русија беше катастрофално за нив.
Ако е за верување суперкомпјутерот, кој се служеше со податоците на сите репрезентации, според квалитетот на фудбалери, нивната форма, распоредот и позицијата на ФИФА-листата, Аргентина ќе биде новиот шампион. Но, не секогаш овие податоци знаат да бидат пресудни,
Агенцијата BCA Research сепак пренесе дека Аргентина ќе се радува на крајот на првенството во Катар. Прогнозите велат дека во финалето ќе играат против Португалија. Меси ќе се бори со Роналдо за титулата, а фудбалските експерти велат дека нè чека вистински спектакл.