Скопјани вчеравечер (четврток) беа сведоци на интересна и невообичаена глетка – на 4 места низ градот на небото светнаа 4 снопа светлина. Доколку ги забележавте и вие, сигурно се запрашавте за што се работи.
Светлосните зраци на дијамантот што беа формирани на небото и официјално го најавија големото отворање на новиот шопинг мол, Дајмонд мол, кој денеска се отвора во вистинското срце на градот. Официјалното отворање ќе биде одбележано со тридневна забава за сите генерации, која започнува денеска и ќе заврши в недела навечер.
Дајмонд мол е новиот шопинг мол, кој прави спој на новите незаборавни шопинг искуства, на гастрономското уживање и неверојатната забава што ќе ги очекува сите посетители на молот од 20 октомври. Модерен амбиент со продавници со најпознатите и актуелни домашни и светски брендови, улица со различни и неодоливи ресторани наречена „Гурмет авенија“, како и 7 000 квадратни метри едукативен центар за забава за деца и млади „Dream Zone“ во кој наскоро ќе може да уживаат посетителите.
Градот добива ново срце, од каде што ќе пулсираат многу активности во кои ќе може да се пронајдат секојдневно сите идни посетители на молот. Големото отворање трае три дена и започнува на 20 октомври (петок) од 21:00 часот со концерт на Џијан Емин и неговиот „Magical Orchestra“, вокално придружувани од „Voices of Skopje“, кои ќе изведуваат „Diamond hits“, а истовремено, за првпат кај нас, на небото над Дајмонд молќе има неверојатно дрон-шоу. По завршувањето на концертот, до полноќ, посетителите ќе ги забавува диџеј Flooder со екстравагантен диџеј-сет.
Вториот ден од отворањето, 21 октомври (сабота), започнува точно напладне со забава за тинејџерите со настап на тинејџ-атракцијата „Teen Camp“, а вечерта, до полноќ, посетителите на молот ќе може да уживаат во неколкучасовен магичен диџеј-сет на познатите диџеј Tom Novy,Mr. Mike и нашиот диџеј Никифор.
Третиот ден од големото отворање, 22 октомври (недела), започнува повторно напладне, со забава за најмалите, кои ќе се дружат со своите омилени цртани ликови Биби и Боби. Свеченото отворање завршува в недела навечер, во 21 часот, кога свој несекојдневен концерт ќе одржи нашата поп-дива Каролина.
Покрај оваа богата понуда, од Дајмонд мол најавуваат уште многу други изненадувања што ќе ги очекуваат посетителите на молот овие три дена.
Затоа подгответе се и не пропуштајте ги овие три незаборавни дена полни со нови шопинг-искуства, уникатни гастрономски уживања и луда забава во вистинското срце на градот – Дајмонд мол!