Светскиот шампион во сноуборд, Кајл Смејн, загина во лавина

Американскиот скијач Кајл Смејн загина за време на лавина што се случи денес во Јапонија, соопшти неговото семејство. Смејн трагично го загуби животот на патека во близина на ски-центарот Хакуба Норикура. Во лавината загина уште еден скијач.

Тој отпатува на Далечниот исток поради добриот квалитет на снегот и за промоција на туризмот. 

Заробен во лавината бил и неговиот колега и сонародник Адам Ју, но успеал да се спаси и раскажал што точно се случило.

„Видовме дека лавината се движи, го слушнавме звукот, видовме дека лавината е голема, почнавме да бегаме кога стигна до нас. Кајл не успеа да побегне““, рекол Ју.

Во 2015 година Кајл Смајн го освои златото во слободен стил на светскиот шампионатот во сноуборд што се одржа во Кризберг, Австрија.

Scroll to Top