Македонската таеквондистка Мила Рељик освои бронзен медал на првенството во Турција. Во борбата за медал беше подобра од Париза Кучаксареи Жавади од Иран со 2:1, во рунди 0:0, 1:3, 10:7.
Од полуфиналето се откажа поради повреда на ногата од пред две недели, па не успеа да ги одмери силите со Американката Макајла Гринвуд.
За потсетување, Мила во првото коло беше слободна, а во второто ја победи Румјеса Мазгал со 2:0. По натпреварот од Г2 ранкингот на светската таеквондо федерација, запиша нови поени за Олимписката ранкинг листа.
Во конкуренција на 29 натпреварувачки во Турција, единствена земја која на последната олимпијада имаше обезбедено А норма во сите женски категорија, ова е значаен успех.